За сите оние кои се жалеа на минатата генерација на AirPods безжичните слушалки, Apple без никаква помпа, преку соопштение за медиумите го лансираше новиот модел AirPods Pro.
Слушалките не беа претставени на настан или конференција, туку јавноста за нивното лансирање може да се информира преку веб-страницата на компанијата.
Овие слушалки имаат можност за изолирање на надворешната врева. и во продажба ќе се најдат уште од утре, по цена од 249 долари. Слушалките имаат посебен сензор кој можете да го користите за контрола на репродукцијата на музика и активирање на режимот на транспарентност.
Засега можат да се купат само во бела боја. Слушалките се дизајнирани на тој начин, што никој нема да може да се жали дека ќе му паѓаат од ушите, порачуваат Apple.
Имаат и батерија која би требало да трае околу четири и пол часа, пренесува The Verge.