Робот-куче од компанијата Sony, со име Аибо, ги вклучува микробрановата печка и правосмукалката, предупредува дека машината за перење завршила со перење, но и прави селфи и позира.
“Sony” постојано му додава нови функции на роботот куче, а најновиот перформанс подразбира дека Аибо може да комуницира со низа паметни уреди во домаќинството за да им го олесни животот на своите сопственици.
Демонстрацијата на вештините кои Аибо го поседува е одржана на саемот “CEATEC” во Токио, најголемиот јапонски саем за IT и електроника.
Аибо е прикажан како дава сигнал на печката да се вклучи, веднаш по доаѓањето на сопственикот во куќата, за што порано да го дочека топол оброк.
One of the most famous robotic companions of all time, Sony's Aibo dog, is making a comeback. pic.twitter.com/XCJiIL3Bg0
— Popular Mechanics (@PopMech) October 26, 2019
Малиот робот е програмиран и да позира за фотографија, ако е тоа неопходно, заземајќи симпатични пози. Од друга страна, Аибо може и да фотографира луѓе, да прави селфи и фотографиите да ги поставува на социјалните мрежиНа почетокот на оваа година, од компанијата Sony било најавено дека Аибо може да биде и куче чувар. Приказната е производ на соработката со јапонската компанија за безбедност Seko.
Со помош на камера и микрофон, роботот куче може да врши инспекција на деловни или станбени простории и будно да го надгледува вашиот дом, со месечна надомест од 14 американски долари.
https://youtu.be/2akG2q7o4Y0
Во зависност од конфигурацијата, еден Аибо може да чини до 3.000 долари. Така на пример, постои можност дека вашиот Аибо робот ќе препознава лице. По потреба, може да меморира имиња и лица на десетина луѓе.
Во компанијата Sony наведуваат дека од почетокот на годината, на клиентите им испорачале 20.000 роботи кучиња.
Извор: B92.net
Поврзани артикли