Хотел што орбитира околу Земјата би можел да биде одговорот за сите оние патници на кои им “снема” дестинации на Земјата, а најавено е дека патувањето до вселенското одморалиште ќе биде можно за неколку години.
Се работи за дестинацијата “Von Braun Space Station”, а креаторите веќе објавија детали за проектот, па веќе е познато дека првиот вселенски хотел ќе има вештачка гравитација, барови, ресторани, интересен ентериер. Се очекува хотелот да го посетуваат 100 гости неделно, кога угостителската станица ќе биде готова во 2025 година. Така, патувањето во вселената би можело да стане опција многу порано отколку што се мисли, а вистината е дека првично ќе им биде достапна само на најбогатите, иако креаторите на новиот хотел посочуваат дека нема да помине многу кога и „обичните“ туристи ќе патуваат кон вселенски дестинации.
Технологијата во новиот хотел првично ќе биде идентична со онаа што се користи на Меѓународната вселенска станица, но ќе се разликува по тоа што хотелот ќе има и вештачка гравитација што ќе го направи престојот помалку комплициран. Хотелската вселенска станица е во облик на огромно тркало со дијаметар од 190 метри, чија ротација ќе послужи за генерирање на гравитациска сила. За сместување на гостите ќе послужат 24 модули со помошни простории за сместување до 400 гости.
Фондацијата “Gateway”, која стои позади проектот, го спореди хотелот со бродовите за крстарење и наведува дека одморалиштето ќе понуди се што имаат бродовите за крстарење – од клубови и ресторани, до едукативни семинари…
Извор: PC Press.rs
Поврзани артикли