Дојавувачот Ice Universe неодамна откри дека Xiaomi наскоро ќе го објави Mi Note 10, првиот телефон на компанијата од Mi Note серијата уште од Mi Note 3 (објавен во 2017 година). Сега на NBTC сертификацијата во Тајван се појавија докази кои ја потврдуваат Mi Note 10 ознаката, а покрај стандардниот модел забележан е и Mi Note 10 Pro.
Варијантата Mi Note 10 ја носи ознаката на моделот M1910F4G, додека Mi Note 10 Pro е сертификуван под ознаката M1910F4S. Листингот не се открива ништо за спецификациите на претстојните телефони. Неодамна, Mi Note 10 со иста ознака ги помина IMDA и EEC сертификациите, што значи дека ќе биде издаден во Јужна Азија и во Европа.
Се очекува дека Xiaomi Mi Note 10 и Mi Note 10 Pro ќе бидат премиум телефони, така што би можеле да пристигнат со Qualcomm Snapdragon 855 или поновиот чипсет 855+. Би можеле да имаат дисплеј со освежување од 90Hz, но тоа не е потврдено. Исто така, нема информации за тоа кога би можеле да бидат претставени, но сигурно е дека ќе имплементираат значителни подобрувања во однос на Mi Note 3.
Поврзани артикли