Стандардниот модел iPhone 11, продолжува по стапките на минатогодишниот iPhone XR и се чини дека е посебно добро прифатен од корисниците ширум светот.
Според најновиот извештај на аналитичарот Јун Чанг во Rosenblatt Securities, iPhone 11 е веќе продаден во над 12 милиони примероци за нешто повеќе од еден месец од објавувањето.
Овој резултат е доста импресивен, а според извештајот, Apple подготвува дополнителнo засилување на производството на моделот iPhone 11 за околу 1,6 милиони примероци.
Севкупно гледано, се очекува iPhone 11 и 11 Pro да остварат испорака од 70 милиони единици до крајот на годината, а најмногу за овој резултат ќе придонесе најприфатливиот модел. Кога станува збор за 2020 година, извештајот сугерира дека продажбата на iPhone ќе се намали во текот на првите две тримесечја, но повторно ќе се интензивира со објавувањето на наводниот модел iPhone SE 2.
Извор: Benchmark.rs