BBC News креираше верзија на својата веб-страница која е прилагодена на мрежата Tor, што на корисниците им овозможува полесно да пристапат до порталот во склоп на анонимното пребарување. Функцијата е првенствено наменета за читателите лоцирани во области каде што е блокиран BBC, па на овој начин им се овозможува да читаат вести од целиот свет и покрај цензурата.
Tor мрежата воглавно се поврзува само со Dark web, но сè повеќе луѓе и компании сфаќаат дека таа се работи и за важна алатка, која овозможува да се сочува анонимноста при пристапувањето до разни онлајн локации, па дури и редовни веб-страници кои собираат податоци за посетителите. Новиот потег на BBC би требало да овозможи содржините на оваа медиумска куќа да бидат достапни во сите делови на светот, вклучувајќи ги и Кина, Виетнам и Иран, каде инаку се блокирани.
Иако URL-то bbc.com/news веќе работи во рамките на Tor прелистувачот, се истакнува дека доменот .onion спречува лажирање на содржините и нуди end-to-end енкрипција. Оние кои сакаат да го испробаат Tor mirror на веб-страницата на BBC, можат да го преземат прелистувачот и да ја посетат Bbcnewsv2vjtpsuy.onion.