Twitter уште во 2016 година го претстави ноќниот режим, кој беше ексклузивен за Android верзијата на сервисот. Опцијата е дизајнирана да биде привлечна за очи при услови на слаба осветленост, а нудеше темно сиво-сина позадина. Сепак, според сегашните стандарди, ова не е вистински темен режим.
Претходно оваа година, Twitter ја објави вистинската, темна верзија на претходно претставениот ноќен режим за iOS. Функцијата е наречена Lights Out, а позадината и акцентите ги претвори во темна верзија – совршена за ноќно пребарување на содржини. Сега, опцијата Lights Out е објавена и за корисниците на Android.
Welcome to the dark side, Android users. You can now go lights out on Twitter. pic.twitter.com/RpvstZvdnr
— Twitter (@Twitter) October 22, 2019
Откако ќе извршат ажурирање на најновата верзија на Twitter апликацијата, корисниците на Android ќе можат да се префрлат на целосно нов, темен режим. На функцијата лесно и се пристапува со притискање на иконата за сина сијаличка во sidebar или преку поставките за приказ.
Покрај тоа, корисниците имаат опција на избор на автоматско префрлање на темен режим во самрак или исклучување на Dark mode при разденување.
Поврзани артикли