Facebook овие денови почна да воведува нов интерфејс за својата десктоп верзија, која на корисниците им дава можност да изберат меѓу класичен или темен режим на прикажување.
Кога се најавувате на социјалната мрежа, на некои корисници на екранот им се појавува pop-up прозорец со прашање дали сакаат да го испробаат новиот дизајн на Facebook страницата (Facebook Beta).
#Facebook #beta dark mode for desktop is almost awesome! pic.twitter.com/JGR5UYnHFd
— Mantas Rukuiža (@MantasRukuiza) October 14, 2019
Покрај изборот на темниот режим на работа, Facebook Beta на корисниците би требало да им биде прегледен и лесен за употреба, бидејќи нуди поголеми фонтови и поедноставена навигација.
Друга вест е и дека FB сега се сеќава каде сте застанале додека сте се движеле низ новостите.
Иако Facebook своите бета верзии досега ги ограничуваше на одредени земји (обично во САД), изгледа дека овој пат во тестирањето на новиот интерфејс имаат прилика да се вклучат корисниците од целиот свет.
Got the invite to try Facebook's new desktop design and yes it includes a dark mode ?@MattNavarra pic.twitter.com/buCJBdgQ5I
— anastipu (@teepusahab) October 11, 2019