За среќа, веќе се работи на решението за овој проблем.
Постои опасна софтверска мана што може да се искористи за компромитирање на милиони рутери, паметни уреди, телевизори и компјутери што работат на Linux. А тоа значи дека во опасност се и уредите со Android.
Проблемот лежи кај Linux драјверите за Realtek WiFi чипови. Грешка во кодирање му дозволува на некој во WiFi опсегот да оневозможи, па дури и киднапира специфичен уред. Напаѓачот дури и не треба да ја знае вашата лозинка за WiFi.
Поради тоа што многу паметни уреди работат на Linux, а Android е исто така варијанта на Linux, работите стануваат малку покомплицирани. Засега не е познат обемот на проблемот, бидејќи е откриен оваа недела.
Како да се заштитите?
За жал, нема многу што можете да направите освен да исклучите WiFi на вашиот Android телефон, кога ќе го напуштите вашиот дом или канцеларија, така што другите уреди не можат да комуницираат со него.
Кога станува збор за паметни уреди, рутери и компјутери што работат со Linux, работите стануваат малку покомплицирани.
Повеќето од овие уреди мора да имаат вклученп WiFi радио во секое време, што значи дека може да бидат нападнати во било кое време додека напаѓачот е во опсег – а тоа може да биде дури и од соседниот стан.
Сепак, на решение се работи и погодените PC уреди наскоро треба наскоро да добијат апдејт, но можат да поминат недели пред истото да се случи со телефоните и паметните уреди.
Поврзани артикли