Кога купувате апарати за домаќинство, водете сметка за енергетската ефикасност. А што е со рутерот?
Кога размислувате за работи што трошат многу електрична енергија во вашето домаќинство, веројатно не ви е на ум скромниот рутер за спојување на интернет.
Но, ако го оставите вклучен цел ден, ќе потроши струја како и фрижидерот.
Поради тоа, би требало да обрнете внимание на енергетската ефикасност на рутерот пред да го купите и да бидете сигурни дека има најниска можна потрошувачка на енергија кога е вклучен и во stand-by режим на мирување.
Германската федерална агенција за заштита на животната средина (UBA) тврди дека тоа е посебно важно ако рутерот не може да се исклучи, бидејќи со него се користи и телефонската линија.
Ако е тоа случај, совет е да се набави рутер кој има опција барем да се исклучи wi-fi кога не е во употреба.