Шведскиот производител Volvo го претстави својот прв целосно електричен модел, модифицираниот кросовер XC40 со ознака Recharge.
Volvo е убеден дека нивниот прв EV ги има сите потребни елементи за да биде најпродаваниот модел на пазарот.
Бидејќи на електричните возила не им требаат отвори за воздух, затворената предна маска е искористена за сензорите на новиот напреден систем за помош на возачот (ADAS).
Моделот XC40 Recharge се напојува со електричен мотор од 408 коњски сили, а батеријата со висок капацитет гарантира автономија над 400 километри.
Благодарение на технологијата за брзо полнење, батеријата достигнува 80% од капацитетот за 40 минути.
Автомобилот е опремен со нов мултимедијален систем базиран на системот Android, како и со нови технологии и услуги на Google.
XC40 Recharge е првиот чекор на шведската компанија кон нивната крајна цел – да стане еколошки неутрален производител до 2040 година.
Поврзани артикли