Либан е првата земја каде бесплатните интернет повици веќе нема да бидат бесплатни.
Државата усвоиј предлог да се наплатува такса во износ од 20 центи дневно, за бесплатни разговори направени преку VoIP софтвер и услуги. Тоа значи дека FaceTime, WhatsApp и другите бесплатни услуги за разговор преку интернет, во суштина нема повеќе да бидат бесплатни. Причината за оваа одлука е што либанската влада верува дека на овој начин ќе обезбеди дополнителен прилив во износ од околу 200 милиони долари годишно.
Ова не е голема предност за странците кои во Либан ќе поминат неколку дена, но луѓето кои редовно ја користат оваа форма на комуникација тоа ќе ги чини 73 долари годишно. Ако се прашувате како ќе се изврши, доволно е да кажете дека во Либан има многу малку даватели на услуги преку кои може да се оствари VoIP повик и повеќето се во сопственост на државата.
Извор: PC Press.rs