Навигацијата која работи насекаде во светот, но во Италија предизвикува проблеми.
Италијанскиот град Баунеј поставил знак на кој се истакнува дека користењето на „Гугл мапс“ е строго забрането. Властите се одлучиле за овој чекор бидејќи за две години 144 лица се јавиле за помош зашто не знаеле каде се наоѓаат поради лошата навигација на „Гугл“.
Патиштата во овој крајбрежен град не се добро назначени во апликацијата, па многу изгубени туристи дури и не можеле да ги запалат нивните автомобили.
View this post on InstagramA post shared by Mauro Ecca ? (@upsidedownsardinia) on
– Сето ова се случува затоа што луѓето возат по навигацијата на „Гугл“, која погрешно ги наведува на нашите патишта – изјави градоначалникот на Баунеј, Салвадор Кориас.
Проблемите настануваат кога туристите одлучуваат да ја истражуваат околината без претходен план, а последиците подоцна влијаат врз градската администрација, но и врз патниците, кои понекогаш претрпуваат голема материјална штета.
Ова не е единствено место во Италија што го греши апликацијата. Се случува апликацијата да ги насочува патниците да возат по каналот во Венеција, каде што целосно е забранет автомобилскиот сообраќај.
Извор: B92.net
Поврзани артикли