Пет чекори како да се заштитите кога користите јавна Wi-Fi мрежа?

Бесплатните јавни Wi-Fi мрежи се насекаде околу нас – на аеродроми, во јавни библиотеки, локални кафулиња, продавници, јавен превоз…

Какви видови на закани носат јавните безжични интернет мрежи?

Хакерите знаат дека е прилично лесно да ги збунат луѓето кои бараат бесплатен Wi-Fi. Тие се надеваат дека ќе ја изберете нивната лажна мрежа додека листате низ достапните мрежи.

Незаштитени мрежи

Хакерите можат многу лесно да ја преземат контролата над Wi-Fi рутерот, дури и над некој официјален ако не е конфигуриран како што треба. Потоа им останува само да гледаат како вашите информации сами доаѓаат кај нив.

Ова се ситуации кога измамниците ѝ даваат на својата Wi-Fi мрежа речиси идентично име со некоја реална постоечка, надевајќи се дека ќе кликнете на нивната.

На пример, „Mreza Biblioteka“ ќе ја сменат во „mrezabiblioteka“ и ќе чекаат некој да се „улови“.

Во вакви случаи треба да внимавате точно на која мрежа сте се „закачиле“ првиот пат кога вработените ви ја кажале Wi-Fi мрежата или да го побарате знакот со овие информации што најчесто е закачен на видно место.

Пет чекори што ќе ви помогнат да се заштитите при користење јавни Wi-Fi мрежи

ЧЕКОР 1

Ако веќе морате да користите јавна Wi-Fi мрежа, одбегнувајте ги оние кои ви бараат лични податоци, како банкарска сметка, матичен број или адреса. Никогаш не обавувајте финансиски трансакции преку јавна Wi-Fi мрежа и не споделувајте лични податоци и лозинки. Никогаш!

ЧЕКОР 2

Проверете го името на мрежата и споредете го со другите. Не се приклучувајте на мрежа на јавно место како аеродром или библиотека ако податоците за името не ви ги каже вработен или не ги видите јасно објавени во просторот.

ЧЕКОР 3

Користете заштитени интернет сајтови кои користат HTTPS протокол што претставува безбедна верзија на HTTP стандардот. Ако не ја видите буквата „S“ не го користете тој сајт.

ЧЕКОР 4

Користете антивирус. Многу безбедносни и антивирус програми ве штитат од малвер (штетен софтвер) што се обидува да внесе лозинка во вашиот систем за да може полесно да му пристапи. Експертите за сајбер безбедност го повторуваат ова постојано, но ќе го повториме пак: секогаш имајте вклучен firewall и користете сложени лозинки.

ЧЕКОР 5

Користете виртуелна приватна мрежа (VPN). VPN не е семоќна, но ќе ве заштити додека користите јавен Wi-Fi (дури и кога го користите својот приватен Wi-Fi дома). Гледајте го тоа како свој приватен тунел што ве носи од локацијата на која се наоѓате (дома, библиотека, аеродром, McDonald’s, Starbucks) до сајтот што сакате да го посетите. VPN го штити „патувањето“ од вашата почетна локација до интернет сајтот.