Британците можат да здивнат: И натаму ќе можат да уживаат во порнографија на интернет

Британската влада се откажа од имплементација на законот, според кој за прегледување на порнографија на интернет беше потребно да се потврди полнолетност.

Самата идеја во која од корисниците се бара да ја верификуваат нивната возраст, односно лични податоци за да можат да пристапат до порнографски страници, беше необична уште од самиот почеток. Британската влада сакаше да ги заштити малолетните лица од пристап до порнографска содржина, но предложениот метод на заштита беше повеќе од контроверзен и отвори бројни прашања во врска со приватноста и безбедноста.

Според законот, кој веќе два пати требаше да биде имплементиран и оваа недела беше одбиен од владата на Борис Џонсон, порнографските страници требаше да постават некаква форма на верификација на годините на корисниците кои пристапуваат до нивната содржина. Годините можете да ги потврдите само со прикажување на документ, на кој, освен годината на раѓање, се наоѓаат и останатите лични податоци. Значи, во теорија би постоел начин на кој некој би можел да го поврзе името и презимето на корисникот со порнографската содржина што ја гледал и не треба ни да се споменува опасноста од достапност на таквите информации и што криминалците би можеле да направат со нив.

Покрај проверката на идентитетот преку специјални интернет-услуги, се размислуваше и за ваучери кои би биле достапни во продавниците во кои луѓето би ги покажувале личните докумемнти во замена за тн. porn pass.  Критичарите на законот го нарекоа напад на граѓанскиte слободи, обид за цензура на iнтернет и голема закана за приватноста и безбедноста на корисниците.

Од ова, сепак, нема да биде ништо, бидејќи владата се откажа од контроверзниот закон, но предлагачите најавија дека нема да се откажат од целта за забрана на пристап до порнографија на малолетни лица и ќе се обидат да го сторат тоа со други средства. Веста објавена вчера ги израдува сите љубители на онлајн порнографија во Велика Британија, а некои експерти веруваат дека дури и со ваков закон, многу не би се променило. Поточно, голем број луѓе, вклучително и љубопитните малолетни лица, би ги заобиколиле овие забрани со користење на VPN, без потреба од верификација на годините.