Сашка Николова, Медиа директор на маркетинг агенцијата „Медиа План“ е избрана за нов Претседател на ИАБ Македонија, здружението чија основна цел е развој и унапредување на дигиталниот адвертајзинг пазар.
Николова на позицијата доаѓа на местото на Борис Ефтимовски, сопственик на специјализираниот портал „Маркетинг365“ и професионалец од областа на маркетингот и односи со јавноста кој го предводеше здружението во изминатите две години. За нов потпретседател е избран Јане Бајалџиев од „Хттпоол“, а за генерален секретар на здружението реизбран е Никола Анчевски од агенцијата „Ovation“.
На изборното собрание кое се одржа на 30ти Септември во „Хотел Карпош“ во Скопје, собранието на ИАБ Македонија избра и нов извршен и надзорен одбор.
Новиот Извршен одбор, покрај Претседателот Сашка Николова, ќе го сочинуваат и: Јане Бајалџиев (Хттпоол), Никола Анчевски (Ovation),Борис Ефтомовски (Маркетинг 365), Дарко Лазаревски (Кајгана Медиа), Ира Бабиќ (Бренд Јунион), Ненад Ристевски (PublicisOne Македонија), Стојче Ѓорѓиев (Факултети.мк) и Игор Поповски (ЦрноБело Медиа).
За членови на Надзорен одбор се избрани Дамјан Дано (IT.mk / ИВМ Нетворк), Мери Шешо (Меккен Скопје) и Александар Манев (Фактор).
Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија е формирано во 2012 година од страна на најголемите македонски дигитални медиуми, маркетинг агенции и огласувачи, и фукнционира под лиценца на американскиот IAB со седиште во Њујорк.
Некои од главните цели и активности на здружението се: промоција на индустријата и запознавање на јавноста со можностите и бенефитите од огласувањето на интернет; организација на семинари, трибини, конференции со теми од областа на дигитални медиуми; дефинирање на стандарди за огласување на интернет, како и справување со проблемите кои произлегуваат од индустријата.
Поврзани артикли