Во египетскиот град Луксор, археолозите пронашле повеќе од 20 запечатени мртовечки сандаци, соопштило Министерството за антиквитети.
Наизглед, добро сочуваните саркофази откриени се онака “како што ги оставиле старите Еѓипќани“. Гравурите се недопрени.
Пронајдени се во Ал-Асасиф, на западното крајбрежје од Нил, а лешовите биле раштркани на две нивоа од големата гробница.
Локалитетот некогаш претставувал дел од древниот град Теба чии рушевини се наоѓаат на денешен Луксор.
Меѓутоа, таму се наоѓаат и саркофази од порано, од 18-тата династија, кои им припаѓале на познати фараоните како Хатшепсут, Аменхотеп Трети и Тутанкамон.
Министерот за антиквитети минатата недела објавил дека археолозите откриле древно “индустриско подрачје” во западната долина Лускор на која се наоѓале “објекти за складирање и чистење на погребна опрема, со многу керамика од 18-тата династија”.
Извор: Kurir.rs