Фотографиите и деталите за претстојниот смартфон Moto G8 Plus се појавија на интернет, така што сега знаеме што можеме да очекуваме од овој уред.
G8 Plus ќе има три задни камери, процесор Snapdragon 665 на Qualcomm и батерија од 4.000 mAh. Што се однесува до камерите, главната е со 48MP, широката има сензор од 16 MP (117 степени), додека сензор за длабочина е со 5 MP и со ласерски автофокус. Ова е тоа што го видовме кога минатиот месец се појави Motorola One Zoom, освен телефото камерата. Се работи за солидно подобрување во однос на минатогодишниот Moto G7 Plus, кој имаше две задни камери.
Батеријата е уште една предност на G8 Plus во однос на неговиот претходник, бидејќи G7 Plus имаше батерија од 3.000 mAh, додека годинашниот модел има батерија од 4.000 mAh.
G8 Plus доби 6,3-инчен IPS екран со 1080p резолуција со мал засек во горниот дел. Постојат две верзии, едната со 4 GB RAM меморија и 64 GB простор за складирање и втора со 4 GB RAM меморија и 128 GB интерна меморија. Исто така, тука е и 3.5 милиметарскиот приклучок за слушалки со USB-C приклучок што се користи за полнење.
Официјалното претставување на паметниот телефон се очекува кон крајот на октомври.