Душеците Lula се дизајнирани така што корисниците можат да ги обликуваат на многу начини, и на тој начин прилагодувајќи ги на сопствените потреби за квалитетен сон.
Имено, се работи за производ кој сонот го носи на сосема ново ниво, со тоа што дејствува како „скулптура“ која може да ја промени формата. Душекот ја менува формата врз основа на движењата кои ги прави корисникот, што овозможува спиењето да се прилагоди подобро од кој било друг сличен производ. Направен е од гумена пена, што го прави удобен и издржлив, а може да се обликува на различни начини, како пред спиење, така и за време на сонот.
This mattress changes shape for each user pic.twitter.com/pDzplAuoiI
— Mashable (@mashable) October 12, 2019
Се чини дека креветите полека еволуираат, и непријатните душеци ги оставаат зад себе додека попримаат футуристичка форма која се води од индивидуалните потреби и облиците на телото, и омилените позиции во текот на спиењето.
Извор: PC Press.rs