Фотографии од претстојниот Galaxy S11 смартфон на Samsung, поради кои актуелните Galaxy S10 и Note10 изгледаат застарено, на големо кружат на интернет.
На фотографиите кои ги објави веб-страницата BGR, Samsung поднел барање за патент ,кој открива телефон со целосен екран од раб до раб, на кој има тројна предна камера. Меѓутоа, посматрајќи ги најновите модели што се достапни на пазарот, кои одеа кон намалување на бројот на камери, се поставува прашањето: „Што ги навело да ја променат одлуката?“
Добро упатените извори наведуваат дека постојат две можности. Првата е дека јужнокорејскиот гигант со следниот модел од S-серијата ќе објави екран, под кој ќе бидат камерите, што се чини како помалку веројатна опција за следната година. Единствен од кого видовме дека направи и објави некој напредок на тоа поле беше кинескиот Xiaomi. Втората опција е дека просторот од една на три камери е поширок поради дополнителна технологија за препознавање на лицето. Таа можност се чини дека е поверојатна.
Во областа на безбедноста, Apple, Google и OnePlus оваа година поставуваат нови стандарди, кои Samsung ќе mora да ги следи, доколку сака да остане во игра.
Поврзани артикли