Судбината на нашата планета е поврзана со судбината на Сонцето, но заедничкото патување нема добро да заврши по Земјата.
Сонцето обилно согорува огромни резерви на водород, а неговата сила постојано расте.
За милијарда години Сончевите зраци ќе бидат за десет проценти посилни од денес, а температурите ширум нашата планета ќе пораснат за 30 степени Целзиусови. Меѓутоа, ова ни приближно не е крајот, вели за “Business Insider” астрофизичарката Џилијан Скејдер од Универзитетот во Сасекс.
За околу 3,5 милијарди години,, помалку од тоа што земјата сега има години, Сонцето ќе сјае 40 проценти посилно, а најдоцна тогаш ќе исчезне животот на Земјата.
Силното Сончево зрачење ќе предизвика вриење на океаните.
“Сета таа вода во атмосферата ќе се однесува како гас кој предизвикува ефект на стаклена градина и задржува повеќе топлина, со што се забрзува испарувањето”, објаснува Скејдер.
Некогашната сина планета ќе се претвори во неподносливо жешка пустина, како што е тоа сега случај со Венера.
Човештвото дотогаш ќе исчезне, а најдоцна за пет милијарди години Сонцето ќе остане без водород, па наместо водород ќе согорува хелиум и ќе стане црвен џин.
Сонцето ќе изгуби на маса, а со тоа и привлечна сила, така што Земјата ќе заврши во друга орбита. Ни тоа, меѓутоа, не навестува ништо добро, бидејќи нејзиниот надворешна обвивка истовремено екстремно ќе се прошири – се до денешната орбита на Марс.
Дали Сонцето ќе ја проголта Земјата?
Тоа ќе значи апсолутен крај за Венера и Меркур, кои ќе бидат проголтани. Земјата можеби доволно ќе се оддалечи од Сонцето, но изгледите за тоа не се најдобри. Меѓутоа, нашата планета дотогаш и онака ќе биде само вжештена кугла од стопен камен и метал, што не се услови за продолжување на животот.
Многу подоцна, кога Сонцето ќе ги потроши сите резерви, и Земјата ќе биде на работ на смртта. Црвениот џин ќе стане нестабилен и ќе ја изгуби обвивката во вселенските пространства. Ќе остане само уште жешкото, тешко јадро.
После тоа ќе биде се послабо и послабо, се додека тој бел џин еден ден не согори, а единствените остатоци од нашиот Сончев систем ќе исчезнат во целосен мрак.
Извор: Kurir.rs
Поврзани артикли