HMD Global објави дека од почнало ажурирањето до Android 10 на паметниот телефон Nokia 8.1. Тоа е првиот паметен телефон на брендот, како и првиот уред со процесор Qualcomm Snapdragon 710 кој ја добива најновата верзија на оперативниот систем Android.
Како резултат на надградбата, Nokia 8.1 ќе има корист од предностите на вештачката интелигенција како што е полесен пристап, интуитивно управување и поголема контрола врз личните податоци, истакна компанијата, која е сопственик на легендарната марка за мобилни телефони.
HMD Global потсетува дека нејзините телефони први се надградија на Android Oreo, потоа на Android Pie и сега повторно се во првите редови на ажурирање со Android 10. Компанијата поддржува месечни ажурирања за безбедноста и оперативниот систем во целото свое портфолио, дозволувајќи им на корисниците на Nokia да ги примаат сите новости уште со нивното појавување.
Со ажурирањето на Android 10, љубителите на Nokia 8.1 ќе добијат многу нови опции:
- Навигација со гестови: контролата на Nokia стануваат побрзи и поинтуитивни;
- Паметен одговор;
- Контрола на приватноста;
- Фокус режим: блокирање на дефокусирачки апликации;
- Семејни поставки.