Не го инсталирајте новиот апдејт за iPhone, бидејќи ја празни батеријата и ги прекинува повиците

Најновото ажурирање на iOS донесе нови проблеми, наместо да ги исправи старите.

Се чини дека дојдовме до точка кога Apple се обидува да ги решава многуте проблеми и грешки што ги донесе новата верзија на мобилниот оперативен систем iOS 13 – но се чини дека тоа всушност создава нови.

Таков е барем случајот со iOS 13.1.2, кој донесе нова грешка што ја исфрла функцијата „телефон“ од iPhone.

Бројни корисници кои ја инсталираа најновата надградба известуваат дека iOS ги исклучува повиците по 60 секунди, а благодарение на социјалните мрежи и коментарите на нив, повеќе од очигледно е дека ова не е изолиран случај.

Во моментов не постои никакво решение, а одредени сопственици на iPhone тврдат дека hard reset е единственото решение – Settings > General > Reset > Reset Network Settings.

Но, ова не е единствениот проблем што ја донесе новаta верзија на оперативниот систем на Apple. Тука е и побрзото празнење на батеријата.

Ако веќе сте ја презелеле новата верзија, засега, единствено решение е да го почекате следниот апдејт со надеж дека ќе ги реши сите проблеми, и притоа нема да создаде нови.