Кинескиот прототип на хеликоптер со футуристички изглед привлече огромно внимание, само стоејќи на тлото на авионското шоу на Тианјин во Кин. Хеликоптерот наречен Super Great White Shark изгледа како вонземски вселенски брод.
Фотографии од ова кружно летало се појавија на интернет во пресрет на петтата хеликоптерска изложба во Кина, која официјално беше отворена во Тијанџин во четвртокот минатата недела.
Иако е во почетна фаза на дизајн, како што е наведено во описот на хеликоптерот на изложбата, овој авион ќе го покренуваат напредни технологии што се користат во современите американски и руски хеликоптери за напад и товар.
Chinese UFO pic.twitter.com/B3KVL3qgtE
— Alert 5 (@alert5) October 9, 2019
Во описот на авионот, исто така, се наведува дека во дизајнирањето на хеликоптерот успешно се применува нов „концептуален дизајн на лопатки на пропелерот“.
Пресекот на шемата на возилото која кружеше на интернет во Кина, прикажува двајца пилоти кои седат во пилотска кабина, поставена среде џиновски ротор, сместен во телото на хеликоптерот што личи на летечка чинија.
Доколку го гледаме овој хеликоптер во воздух, би значело дека кинеските дизајнери конечно го решиле предизвикот да изработат функционални кружни летака, што инаку ги збунува западните пронаоѓачи уште од Втората светска војна.
#Chine Le "Super Shark" est un hélicoptère d'attaque expérimental ressemblant à une soucoupe volante, exposé à l'exposition #China #Helicopter à #Tianjin. pic.twitter.com/oPZzNqQ15c
— Rebecca Rambar (@RebeccaRambar) October 10, 2019