Chrome планира опција за идентификација на фотографии со машинско учење, што треба да биде корисно за сите кои имаат помали или поголеми потешкотии со видот.
Интернетот е често комплициран за навигација, а посебно за оние кои живеат со одредени пречки. Ова посебно се однесува на оние со оштетен вид, затоа што повеќето од содржините имаат визуелни компоненти кои се од витално значење за разбирање.
Google одлучи да го реши проблемот, и во овој контекст најави нова функција напрегледникот Chrome, која со помош на машинско учење ќе препознава што има на фотографиите, а потоа на оние на кои им е потребно, ќе им понуди текстуални описи.
Најголем проблем е што на мрежата има милиони фотографии, кои не содржат описи и клучни зборови, па корисниците од опсиот го добиваат само зборот „фотографија“. Ова би можело да се промени со новата опција, што би донело олеснување на голем број корисници, на кои им е неопходна новата опција.
Опцијата ќе им биде достапна само за оние кои имаат читачи на екранот што нудат аудио, или поддршка за Брајово писмо. За да ја активирате функцијата во рамките на Chrome, неопходно е да отидете во Settings, потоа во Advanced на дното на страницата, да ja пронајдете секцијата Accessibility и да го активирате Get image descriptions from Google.
Поврзани артикли