Вака ќе изгледа Pixelbook Go лаптопот на Google (ВИДЕО)

Следната недела, заедно со паметните телефони серија Pixel 4, се очекува Google да ја објави својата најнова понуда на Chromebook компјутери.

Благодарение на страницата 9To5Google, имаме информации за идниот Pixelbook Go, кој ќе понуди интересен дизајн.

Куќиштето има мат финиш во боја „Not pink“, а како портови се достапни 2 хUSB Type-C и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки.

Екранот е со дијагонала од 13,3 инчи, резолуција Full HD и тенки странични рамки. Двата звучници се наоѓаат од двете страни на тастатурата, која вклучува посебно копче за стартување на Google Assistant, а тачпадот има широка површина.

Меѓу другите параметри на конкретниот моделдо кој 9To5Google имал пристап, наоѓаме процесор Core M3 и 8 GB RAM меморија.

Google се очекува да понуди најразлични хардверски опции за лаптопот, кои може да вклучуваат процесор до Core i7, 16 GB RAM, 256 GB меморија и 4K дисплеј.