Автономните возила поставуваат многу предизвици поврзани со развојот на технологијата. Треба да се посвети внимание на сите видови аспекти, од потрошувачката на енергија, преку безбедноста, до корисничкиот интерфејс, па се до менаџментот  на голем број податоци во реално време. Затоа креирањето на платформа која би го овозможила сето тоа е преголем предизвик за само една компанија.

Поради оваа причина, група производители на автомобили, како и технолошки компании, ги здружуваат силите за да ја постигнат оваа цел. Тие го создадоа Autonomus Vehicle Computing Consortium (AVCC), чија мисија е да осмисли платформа која ќе промовира скалабилно решение за автоматски и автономни возила. Во Конзорциумот досега се приклучија ARM, Bosch, Continental, DENSO, General Motors, Nvidia, NXP Semiconductor и Toyota, а можно е дека во иднина ќе биде проширен со влез на уште некои други големи компании.

Овој конзорциум прави уникатна комбинација на експертиза во различни деловни и технолошки сегменти, поради што неговото постоење е исклучително важно. Првата задача на овој конзорциум ќе биде дефинирањето на сетот препораки за системската архитектура кои треба да бидат основа за платформата, по што би се преминало и на имплементација.