Јапонската компанија Sony и официјално соопшти кога ќе се појави на пазарот новата генерација на популарната гејминг конзола PlayStation, како и уште неколку интересни детали.
Новиот PlayStation 5 и официјално ќе биде пуштен во продажба за време на Божиќните празници идната година.
Најавени се и одредени промени на контролерите наменети за PlayStation 5. Главната новост е “Haptic Feedback” опцијата која ќе овозможи преку вибрации подобро гејминг искуство.
Втората голема промена е технологијата на „прилагодливи копчиња“ која првенствено се однесува на R2/L2 копчињата на контролерот. Корисниците ќе можат да го програмираат отпорот на копчињата и да ја „почувствуваат“ напнатоста додека на пример повлекуваат стрела и слично.
Инаку, PlayStation 5 ќе ги користи стандардните Blu-Ray дискови од 100 GB. Од Sony потврдија дека конзолата ќе има и Disc Driv
e, но сите игри ќе мора да бидат инсталирани на интерен SSD.
Супербрзиот SSD ќе биде најдоброто подобрување, а од Sony велат дека подобрувањето на читањето на податоците на SSD ќе овозможи и заштеда на простор на дискот. Sony ќе им овозможат на девелоперите да ги одвојат инсталациите за игрите, односно, на пример, на еден диск да се инсталираат само multiplayer компонентите, а на друг singleplayer кампањата кај одредени игри.
Целосно ќе биде изменет и корисничкиот интерфејс на конзолата PlayStation 5 и ќе бидат прикажани подетални опции на почетниот екран.
Од претходно е познато дека најновата гејминг конзола на Sony ќе има осумјадрен процесор кој ќе биде базиран на третата генерација на AM.
D Ryzen линијата, како и GPU базиран на AMD Radeon Navi хардверот. Конзолата ќе поддржува 8К резолуција и 3D аудио технологија.
Засега не е познато колкава меморија ќе понуди Sony за инсталирање на игрите, какви ќе бидат VR опциите, како ќе изгледа конзолата и колку ќе чини.