Сатурн го надмина Јупитер и стана планета со најмногу месечини, тврдат американски истражувачи. Тим научници откри вкупно 20 нови месечини кои орбитираат околу Јупитер, а со тоа нивниот вкупен број се искачи на 82. Од друга страна, Јупитер има 79 природни сателити. Месечините се откриени со помош на телескопот Subaru, кој се наоѓа во Хаваи.
Секоја од новооткриените месечини во орбитата на Сатурн има дијаметар од околу 5 км, а 17 од нив орбитираат околу планетата наназад. Тоа се вика ретрограден правец, а останатите три месечини се вртат во програген правец, исто како и Сатурн.
Јупитер досега беше планета со најмногу месечини од доцните 90-ти години на минатиот век. Тимот истражувачи сега бира имиња за месечините, а тие мора да потекнуваат од нордиската, галската и инуитската митологија.