Во Виена во петок се отвора музеј кој со својата „Instagram friendly” политика сака да ги привлече младите и во интерактивни простори да им овозможи да креираат сопствени ументички дела.
Со ѕидовите во живи бои и големите предмети, музејот има се што е потребно за совршени селфи фотографии.
Музејот има 24 простории и е полн со интерактивни поставки со кои луѓето навистина можат да се забавуваат.
View this post on InstagramA post shared by Interaktives Selfie Pop-Up (@nofilter_museum) on
Посетителите можат да најдат совршени кулиси за своите фотографии – да се сликаат пред ѕидовите со различни бои и примероци, со храна, во топки, на маса со семејство на плишани мечиња во природна големина.
Музејот ќе биде отворен шест месеци, а потоа може да се пресели и во други градови. Цената на билетот се движи од 15 до 29 евра за 90 минутна посета.
Nofilter_museum се приклучува на големиот број такви установи ширум светот, кои целат на корисниците на социјалните медиуми и Instagram зависници, чија цел е да направат совршени фотографии и потоа да ги објават.
Голем број инфлуенсерите на Instagram веќе покажаа интерес за доаѓање во музејот.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли