Во Виена се отвора музеј за селфи фотографии

Во Виена во петок се отвора музеј кој со својата „Instagram friendly” политика сака да ги привлече младите и во интерактивни простори да им овозможи да креираат сопствени ументички дела.

Со ѕидовите во живи бои и големите предмети, музејот има се што е потребно за совршени селфи фотографии.

„Бројот на млади луѓе кои одат во музеј е мал, па се обидуваме да ги победиме социјалните мрежи. Тие сакаат да живеат онлајн“, вели Петра Шарингер, коосновач на ‘nofilter_museum’.

Музејот има 24 простории и е полн со интерактивни поставки со кои луѓето навистина можат да се забавуваат.

Посетителите можат да најдат совршени кулиси за своите фотографии – да се сликаат пред ѕидовите со различни бои и примероци, со храна, во топки, на маса со семејство на плишани мечиња во природна големина.

Музејот ќе биде отворен шест месеци, а потоа може да се пресели и во други градови. Цената на билетот се движи од 15 до 29 евра за 90 минутна посета.

Nofilter_museum се приклучува на големиот број такви установи ширум светот, кои целат на корисниците на социјалните медиуми и Instagram зависници, чија цел е да направат совршени фотографии и потоа да ги објават.

Голем број инфлуенсерите на Instagram веќе покажаа интерес за доаѓање во музејот.

Извор: Zimo.hr