Австралиската и британска вселенска агенција ќе соработуваат околу развој на авион со посебни SABRE мотори, благодарение на кои ќе може да постигне брзина три пати поголема од брзината на звукот.
На неодамна одржаната конференција за истражување на вселената одржана во Велика Британија, договорена е соработка на австралиската вселенска агенција околу развојот на авион, кој би можел да го скрати патувањето помеѓу Лондон и Сиднеј за дури 80 проценти. Постигнатиот договор го нарекоа “прв светски вселенски мост” и го вклучува развојот на посебен надзвучен ракетен мотор SABRE, со кој авионот кој ќе полета од главниот град на Британија би можел да биде во Сиднеј веќе за четири часа.
Да потсетиме, единствениот надзвучен авион Concorde е пензиониран во 2003. година, а во последните години се повеќе читаме за развојот на нови модели авиони, кои би требало да овозможат брзини поголеми од звукот и повеќекратко да го скратат времето на патување низ воздухот. Додека таквите авиони навистина станат дел од некоја авионска компанија, ќе помине уште доста време, а истата работа е и со моторите на SABRE компанијата Reaction Engines. Иако Грахам Турнок од британската вселенска агенција вели дека веќе напредувале со развојот на технологијата на надзвучен мотор, првите комерцијални авиони со SABRE не треба да се оечкуваат пред 2030. година.
Минатата година Reaction Engines успешно ја тестираше технологијата на ладење на моторите во симулирани услови на брзина Mach 3.3, што е повеќе од три пати побрзо од брзината на звукот и повеќе од 50 проценти побрзо од Concorde. При такви брзини, воздухот кој минува низ моторот може да достигне многу високи температури, но со нова технологија на ладење и температурата се намалува од повеќе од илјада степени Целзиусови на собна температура во многу кратко време. Моторот, како што истакнуваат од Reaction Enginesa “вдишува” воздух од атмосферата, поради што е полесен и поефикасен, односно троши помалку гориво.