Секако, не секој iPhone, туку само моделите iPhone 6S и iPhone 6S Plus.
Компанијата Apple покрена бесплатна поправка или замена на фаличните iPhone 6S или 6S Plus уреди, кои се исклучиле и не можат повеќе да се вклучат.
Со сервисот или замената е опфатена точно одредена серија на iPhone 6S и iPhone 6S Plus уреди, произведени помеѓу октомври минатата и август 2019. година. Apple не назначи што е дефектот, ниту како да се избори со него, но компанијата наведе дека е свесна за лошите компоненти, поради кои доаѓа до трајно исклучување на овие два телефони во некои случаи.
На сајтот Apple.com се наоѓа сервис за проверка на можностите за замена и поправка и потребно е преку уредот да се влезе во тој сервис, по што корисникот ќе добие информација дали неговиот модел е од фалична серија или не.
Сите кои ќе утврдат дека нивниот модел е подложен на замена, би требало да пронајдат Apple Authorized Service Provider или Apple Retail продавница и да се договорат околу поправка или замена, а информацијата за тоа дали овој сервис е достапен во Македонија и регионот потребно е да се побара во рамките на Apple Support системот.