NASA подготвена да го тестира првиот електричен авион

NASA ќе започне со тестирање на Х-plane, експериментален авион со електричен погон. X-Plane, односно X-57 Maxwell, како што гласи неговото цело име, дизајниран е за тестирање на различни технологии, но најзначајно е тоа што се работи за првиот целосно електричен експериментален авион кој доаѓа од NASA.

Пренесувањето на Х-57 Maxwell авионот во NASA Armstrong Flight Research центарот во Калифорнија значи дека авионот е подготвен за тестирање на земја. Кога ќе биде потврдено дека сите системи работат како што треба во таа фаза, ќе започне тестирањето во лет. Главната цел на развојот на овој електричен авион е да помогне NASA во тестирање на електичните погонски системи за авионите, но во креирање стандарди за нив (во однос на дизајнирање и сертификати кои мораат да ги исполнат).

NASA планира да ги сподели резултатите од своите тестирања со компаниите во воздухопловната индустрија, но и со регулаторните тела, не само за Х-57 моделите, туку и другите модифицирани верзии. Исто така, Х-авионскиот проектот ќе и помогне на NASA да најде начини за решавања на различни технички предизвици во комерцијалната авијација, како што е зголемување на ефикасноста на авионите и намалување на бучавата на нивните мотори – што на крајот ќе доведе до развој на нови авиони кои со нивната бучава нема да ги вознемират луѓето на трасите кои летаат.

Извор: PC Press.rs