Масовното производство на паметни телефони и таблет уреди ги спушти цените, па така смартфон можете да купите веќе за педесетина евра.
Сеприсутните смартфони, компјутери, смарт телевизори, нотификации, известувања… Често чувствуваме „нервоза” да го провериме нашиот смартфон.
Токму поради тоа, „глупавите” телефони, односно оние без напредни функции, доживуваат вистинска мала ренесанса.
Голем број на корисници сакаат да имаат втор телефон само за гласовни пораки, или едноставно уред кој нема да ги оптоварува. На тој начин, познатата модна куќа Supreme New York претстави телефон со основни функции, 3G врска и основна камера.
Бидејќи целиот бренд е наменет за младите урбани луѓе, со уредот доаѓа и microSD картичка од 16 GB, првенствено наменета за складирање на голем број mp3 песни.
И брендот Nokia се приклучи на овој тренд, со повторно претставување на ново-старите модели 3310 и 8110. Инаку, ваквите телефони се многу популарни и барани ширум Азија и Индија, и често се единствен начин за комуникација и основен пристап на интернет во далечните и често многу сиромашни краишта.
Поврзани артикли