Според последните извештаи, еден корисник кој нема способност за движење успеал со помош на роботски надворешен скелет да ги направи првите движења, а благодарение на тоа што, како што се опишува, скелетот ги „чита мислите на оној кој го користи“.
Триесетгодишниот Thibault го опиша искуството како “први чекори на Месечината”, а првите чекори се уште се далеку од совршени, па роботското одело засега се тестира само во лабораториски услови. Креаторитѕе тврдат дека ова и слични решенија во иднина значително би можеле да го подобрат искуството на оние кои имаат потешкотии при одењето, а Thibault најпрвин беше подлегнат на хируршки зафат во рамките на кој импламнтите биле поставени на површината на мозокот, и тоа во оној дел кој служи за конбтролирање на движењата. Секој имплант има по 64 електроди кои ги читаат активностите во мозокот, и сигналите ги испраќаат на компјутер преку кој се контролира роботскиот дел.
Следниот чекот е усовршување на технологијата и зголемување на бројот на електроди кои се користат, бидејќи моментно од 64, се користат само 32. Еден од поважните чекори е и усовршувањето на контролата на прстите, а со цел полесно да се фаќаат објектите и да се надминуваат пречките.
Експертите истакнуваат дека би било важно и да се намалат трошоците на производство, бидејќи високо-технолошките решенија уште долго нема да им бидат достапни на оние кои не располагаат со големи суми пари, на што укажува податокот дека само 15 проценти од оние кои имаат потешкотии при одењето поседуваат инвалидска количка, и други помагала.
Поврзани артикли