Во Виена по двегодишно тестирање во функција е пуштен првиот паметен семафор. Семафорот се наоѓа пред едно основно училиште, а автоматски се префрла на зелено светло која во близина ќе се појави пешак кој сака да ја премине улицата.
Малата камера која го следи движењето на пешаците е поставена на четири метри висина, а системот со помош на специјален софтвер препознава дали пешаците сакаат да ја преминат улицата или не. Тоа во просек трае само две секунди. Поставената технологија притоа се користи само за препознавање на однесувањето при движењето на пешаците и не се користи за надзор. Сите снимени податоци се обработуваат на лице место и потоа трајно се бришат.
Покрај подобрување на протокот на сообраќајот, новиот систем во иднина ќе може да ги вмрежи сите семафори во градот. Целта е да се направат попаметни и пофлексибилни. Семафорите ќе можат да комуницираат еден со друг и така подобро да го регулираат сообраќајот, да ја намалат гужвата и сообраќајните незгоди. Собраните информации за сообраќајот би се испраќале на паметните телефони и навигациските системи во автомобилите.
Семафорите во Циена исто така ви требало да се опремат со сензори за околината и времето. Централниот завод за метеорологија и геодинамика планира да постави околу 10.000 сензори ширум градот кои би придонеле за следење на температурата, квалитетот и влажноста на воздухот, емисијата на штетни гасови, бучавата и други параметри.
Извор: Klix.ba