Безжични слушалки што можат да преведат 11 јазици

Веќе видовме неколку уникатни дизајни на слушалки, но необичниот дизајн на слушалките „хјуман“ нè потсетува на фризура популарна меѓу принцезите од далечна галаксија – дизајнот на слушалките е со неочекувана и иновативна функција за приватните сесии за слушање да ги претворите во заедничко искуство.

Кога ќе се поврзат, двата дела функционираат како пренослив блутут-звучник. Сеопфатниот дизајн е резултат на едногодишно истражување што ја анализирало анатомијата на човечкото уво, а резултира во пријатен фактор ослободен од кабли или лента на главата и овозможува целосно импресивен звук и 9 часа репродукција помеѓу полнењето.

Компанијата „Хјуман Инк.“ го опреми својот адаптивен уред со дополнителни функции, како што се контроли на допир, амбиентална контрола на звукот, превод на 11 различни јазици и двојно повеќе траење на батеријата во споредба со другите безжични слушалки.

Извор: Dizajndoma.hr