Компанијата GoPro претстави две нови камери, а тоа се Hero 8 Black и Hero Max.
Директорот на компанија GoPro, Ник Вудман истакна дека компанијата е на пад да биде профитабиулна, а новите камери би требало да помогнат во тоа, бидејќи се работи за поскапи модели, кои сега претставуваат врв на понудата.
Hero 8 Black камерата е за 14 проценти полесна од актуелната Hero 7 Black камера, поседува сензор од 12 MP со подобрен HDR, а тоа позитивно ќе се одрази на поквалитетни фотографии и снимки во услови на слабо осветлување. Камерата сега има нова HyperSmooth 2.0 стабилизација на видеото, технологија за намалување на шумот на ветар и врева, а може да снима и 4K видео и slow-motion видео.
Meet #GoProHERO8 Black, the most versatile + unshakable HERO camera ever. ?
✔ Streamlined design
✔ Modular Accessories
✔ HyperSmooth 2.0️
✔ TimeWarp 2.0
✔ Digital Lenses
+ more.Pre-order now. ? https://t.co/IaIF75x0KR#ThisIsAction #GoPro pic.twitter.com/91DjVDFR5f
— GoPro (@GoPro) October 1, 2019
Камерата Hero Max доби две леќи и може да снима поостро 5,6K video под агол од 360 степени. Новиот Max SuperView ултраширок мод на камерата е одличен за ситуации кога сакате да фатите што поголема сцена за фотографии и виде, а можно е да се воспостави и livestream во 1080p резолуција. Исто така, тука е и опцијата за автоматско складирање на видеа и фотографии на cloud. Оваа камера доби шест микрофони, кои ќе понудат “најдобар звук на сите времиња”, кога се работи за GoPro камерите.
GoPro претстави и три модуларни додатоци за камерите. Додатокот Display Mod го сочинува 1,9-инчен екран кој може да се сврти напред или назад и да му овозможи на корисникот на избере што подобар кадар за фотографии и снимки. Овој додаток чини 80 долари. Исто така, тука се и водоотпорните додатоци Light Mod и Media Mod, кои овозможуваат спојување на Display Mod и Light Mod на врвот на GoPro камерата. Цената изнесува 50 долари.
Двете камери е можно да се нарачаат онлајн. Испораките на Hero 8 Black која чини 399 долари почнуваат на 15. октомври, додека камерата Hero Max, за која е потребно да се издвојат 499 долари ќе биде достапна од 24. октомври.
Поврзани артикли