Руска компанија започна со масовно производство на роботи, кои потполно личат на човекот. Тие не само што можат да бидат стилизирани по желба, туку можат да покажат и израз на лицето.
„Промобот“, компанија со седиште во градот Перм, тврди дека роботот наречен Андроид Робо-Ц може да ги замени луѓето во канцелариите, па дури и во домот.
Овој робот може да одговори на прашања во трговски центри и музеи, да биде администратор, да прима посетители па дури и да комуницира со нив.
Сепак, не може да работи подолго од човекот, бидејќи неговата батерија трае осум часа и ќе треба повторно да се наполни после тоа.
Компанијата планира да прави 10 вакви модели месечно, тие може да се нарачаат, но сè уште не се знае која е нивната цена.
Поврзани артикли