Под средновековните рушевини на шкотскиот дворец Мекдаф сместени се уште постари чуда. Станува збор за пештерски цртежи стари помеѓу 1.500 и 4.000 години, а археолозите не ги разбрале во целост.
Пештерата Вемис крие древни приказни за животни и лов, но веројатно и прв приказ на шкотскиот брод. Археолозите и историчарите напорно работат за да го откријат значењето на овие мистериозни цртежи, но сега пристигнуваат нови закани за ова “чувствително“ подрачје.
Оттогаш барем 25 цртежи исчезнале преку рушење или пак свесно од страна на човекот.
https://twitter.com/ahermitforhire/status/1155755814742872064?s=21
Неколку цртежи биле уништени кога некој запалил автомобил во една пештера во 1986-та година, а две пештери биле рушени во изминатите 150 години. Нивната важност е непроценлива затоа што археолозите се трудата да ја разрешат мистеријата на народот Пикта.
Тие не ја бележеле нивната историја, а сведочењето на другите народи, првенствено на Римјаните во текот на освојувањето на британските острови се покажале како премногу неверодостојни.
Пештерскиот систем Вемис е најстара и најголема колекција на симболи во светот.
Славниот Хадријанов ѕид е граница помеѓу “цивилизираните“ и “ледени варвари“ Пикта. За конфликтот помеѓу Римјаните и Пиктите снимен е и филмот „Centurion“.
Тие исчезнале некаде во 10-от век на новата ера и ги оставиле тие ретки пештерски цртежи како доказ за своето постоење. Сега една мала група на волонтери се обидува да го спаси тој пештерски систем.
Извор: Kurir.rs