Според наводите на познатиот аналитичар Минг-Чи Куо, Apple подготвува премиум iPad и MacBook модели со најнапредни екрани досега. Панелите ќе бидат засновани на mini-LED технологија и на пазарот се очекуваат помеѓу крајот на 2020. и средината на 2021. година.
MacBook и iPad ќе користат околу 10.000 LED-ови за дисплеите, што е огромен скок во однос на 576 LED-ови, колку што има претстојниот Apple Pro Display XDR. Секој LED има големина под 200 микрони. Панелите ќе имаат големина помеѓу 10 и 12 инчи за iPad Pro, односно 15 до 17 инчи за MacBook Pro.
Mini-LED дисплеите имаат една голема предност во однос на OLED технологијата, а тоа е изостанок на ризик од burn-in. Покрај ова, преминот на mini-LED ќе му овозможи на Apple дополнително да ја намали зависноста од Samsung, кој и натаму е супериорен на пазарот на мали до средни OLED панели.
Според информациите на Куо, Apple ќе го користи LG како свој снабдувач за mini-LED, а во помал дел ќе помагаат и Epistar, Zhen Ding, Radiant Opto-Electronics, Nichia, Avary Holding и TSMT.
Се очекува дека технологијата најпрвин ќе пристигне на iPad серијата до крајот на следната година, а потоа ќе се појави и на MacBook Pro линијата.
Поврзани артикли