Како дел од најновото ажурирање на софтверот, Tesla воведе опција која му овозможува на автомобилот самостојно да се паркира и да дојде до местото каде што сте во моментот.
Опцијата Come To Me е нова функција на апликацијата на Tesla која им овозможува на сопствениците на овие електрични автомобили да не пешачат до возилото, ако, на пример, се наоѓа во оддалечен дел од паркингот.
Како што е наведено, сопственикот на автомобилот пред активирање на оваа функција, треба да се увери дека има непречен поглед на своето паркирано возило и околината.
Tesla тогаш самостојно ќе се испаркира или ќе дојде до сопственикот, водејќи сметка да ги заобиколи сите препреки на патот и, доколку е потребно, да застане ако нешто се испречи пред автомобилот. Кога автомобилот се приближува до возачот, тој само треба да го запре со истата апликација, да седне на седиштето и да продолжи да вози.
Where have you parked your Tesla?
But also, who cares?
Our Smart Summon feature means your car collects *you* from the parking lot. pic.twitter.com/boEtjJlY1V
— Tesla (@Tesla) September 26, 2019
Извор: Додај Гас