Поголем дел од ќесичките час се направени од хартија, но некои кои се „премиум” користат еден вид на пластика.
Неодамна е објавено истражување кое покажува дека човекот во текот на својот живот, во својот организам внесува огромна количина на микропластика. И додека оваа студија наведува дека најголем дел се внесува преку консумирање флаширана вода, новата студија покажува дека огромни количини на микропластика се наоѓаат во ќесичките чај.
Канадските научници утврдиле дека поради ќесичките во кои се наоѓаат лековити билки, во вашата шолја може да се најде и микропластика која веќе прави огромни проблеми кога е во прашање загадувањето на животната средина.
Светската здравствена организација наведува дека тие парчиња, невидливи со голо око, не претставуваат голем ризик по здравјето. Сепак, повеќето ќесички чај се направени од хартија, но некои “премиум” чаеви користат еден вид на пластика, пренесува “BBC”.
Научниците го отстраниле чајот од ќесичките и празни ги ставиле во загреана вода на 95 Целзиусови степени. Откритието ги шокирало – само една ќесичка може да испушти 11,6 милијарди честички микропластика и 3,1 милијарда помали честички нанопластика.
Извор: Telegraf.rs
Поврзани артикли