Марсовскиот ровер Opportunity од почетокот на јуни беше фатен во бура што нагло порасна и ја опфати целата планета. Бидејќи сончева светлина неможеше да стигне до сончевите панели на роверот преку маглата, тој ја помина бурата во режим на мирување. Но од 10 јуни никој не слушнал никаков сигнал од роверот.

Набљудувањата од сателитот на NASA во орбитата на Марс, покажуваат дека прашината сега се расчистува.

Веднаш штом Opportunity ќе добие доволно сончева светлина за да се разбуди, NASA ќе се обиде да комуницира со роверот. Доколку тимот не слушне некаков сигнал во рок од 45 дена, ќе претпостави дека Opportunity не ја преживеал бурата и ќе престанат да испраќаат сигнали до него.

Роверот прво беше наменет да помине околу еден километар на Марс во тек на 90-дневната мисија, но тој го надмина тоа, поминувајќи повеќе од 45 километри во текот на последните 14 години, правејќи откритија меѓу кои и доказите дека во минатото црвената планета била сина и полна со вода – исто како Земјата.