Гребење, кршење…? Сега тоа е минато
Сегашните и идните сопственици на Ford F-150 имаат причина да бидат задоволни. Ова лето, тие добиле визуелни и перформантни пакети од производителот, а минатата недела и комплет за кревање на клиренсот.
„Додека традиционалните шофершајбни се изработуваат од калено стакло, Corning користи хемиски калено стакло што е пофлексибилно, поиздржливо, и потенко со помалку искривување“.
Можеби многу пари за шофершајбна, но за оние (во САД) кои треба да го заменат фабричкото стакло повеќе пати, ова е одлична опција (900 долари со инсталација и двегодишна гаранција).
Corning во моментов ја дистрибуира шестата генерација на Gorilla стакло, кое е потенко, полесно и поотпорно на оштетување од претходните генерации. Главно се користи за покривање на електронски уреди, па дури и телевизори. Се произведува во Кентаки (САД), Јужна Кореја и Тајван.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли