Компанијата LionsBot од Сингапур произведува роботи специјализирани за чистење на големи простории. Освен тоа што се специјализирани за различни операции, овие роботи, поради својата интерактивност, им се многу забавни на луѓето.
Имено, LionsBot роботите можат да бидат многу духовити, со оглед на тоа дека се програмирани да кажуваат вицови и тоа на пет јазици. И не само тоа, тие можат да пеат и да рапуваат.
Откако ќе им се “претстават” со скенирање на QR код, луѓето можат да им постават разни прашања, на кои роботите им одговараат на англиски, мандарински, малајски, тамилски и јапонски.
LionsBot произведува дури 13 различни типови на роботи наменети за извршување на разни операции како што се чистење, перење, бришење, превоз на опрема за чистење и фрлање на ѓубре.
Шест сингапурски компании неодамна ангажирале флота од 300 вакви роботи кои во иднина ќе бидат ангажирани за чистење на градски простори и забавување на минувачи.
Инаку, своите роботи LionsBot ги изнајмува по цена од 1.350 до 2.150 долари месечно.
Извор: B92.net