Научниците неодамна успеале да пронајдат три кубни броеви кои во збор даваат 42, и откако пронашле решение за секој цел број помал 100, си поставиле нова цел – да пронајдат уште едно решение за три кубни броеви кои во збир го даваат бројот 3.
Колку и да звучи едноставно, истражувачите тоа се обидуваат да го изведат веќе со децении, пишува “Gizmodo”.
Овие проблеми се во главно интереси во криптографски цели. Но од перспектива на математичарите, тие исто така се и едноставно забавни.
“Иако за фановите на Далгас Адамс можеби и не е толку возбудливо, за математичарите пронаоѓањето за ново решение за бројот 3 е многу позначајно”, вели Ендру Сутерлаенд, математичар од MIT.
Научниците со децении барале a, b и c кои го задоволуваат збирот a3 + b3 + c3 = n, каде n ќе даде цел број. Бројот 3, меѓутоа, е посебен пример. Додека 1 и два имаат бесконечно многу решенија за овој проблем, 3 има само две тривијални решенија: 1³+1³+1³ и 4³+4³+(-5)³.
Слично како и за бројот 42, научниците пронашле одговор користејќи Chariti Engine, кој им овозможува на научниците да вршат пресметки со неискористена просечна сила на домашните калкулатори. Пресметката траела околу 4 милиони калкулаторски часа, се наведува во соопштението.
И, успеале. Решенијата за првата нетривијална сума од три кубни броеви кои даваат 3 е:
569936821221962380720³ + (-569936821113563493509)³ + (-472715493453327032)³ = 3
Извор: B92.net