Компанијата Google почна со воведување на опцијата Dark Mode за својата апликација Gmail, наменета за оперативните системи Android и iOS.

Од Google соопштуваат дека за оние корисници кои веќе користат Android 10 или iOS 13 и имаат Dark Mode (темен режим) вклучен на системско ниво, Gmail автоматски ќе се прилагоди на Dark Mode.

Dark Mode исто така ќе се активира и ако користите Pixel смартфон и имате вклучено опција за заштеда на енергија.

Ако користите постара верзија на Android или iOS, опцијата Dark Mode ќе мора да ја побарате во нагодувањата.

За да проверите дали ви е достапен Dark Mode, отворете ја апликацијата Gmail, одберете Settings и ако ја видите новата опција Theme, тука активирајте Dark Mode.

Ако уште не ја гледате оваа опција, не грижете се, од Google нагласија дека постепено го воведуваат Dark Mode. Процесот ќе трае нешто повеќе од 15 дена, како за Android, така и за iOS.

Извор: Zimo.hr