Корисниците од повеќе земји во светот пријавуваат проблеми со „Инстаграм“, „Фејсбук“ и  WhatsApp.

Најмногу пријави пристигнале од Европа, САД, па од Јужна Америка, според податоците на downdetector.com. 

Во некои земји, корисниците се соочуваат со проблеми со вчитување на податоци, додека во некои земји социјалните мрежи воопшто не функционираат.

На „Фејсбук“ и „Инстаграм“ се јавуваат проблеми при вчитување на фотографии, видеа и на други податоци, а на WhatsApp се јавуваат проблеми при испраќање на пораки.

Од „Фејсбук“ соопштија дека знаат за проблемот и дека работат за да ги вратат апликациите во нормала колку што е можно побрзо.

Проблемите почнале околу 8 часот изутринава.

Ова не е првпат овие три апликации да не функционираат. Во последниве неколку месеци, корисниците повеќе пати по неколку часа останаа без овие социјални мрежи.